Voved vo pravo (makedonski)
Vrsta: Skripta | Broj strana: 103 | Nivo: Faculty of administration
ПРЕДГОВОР
Предметот Вовед во правото како наставно –
научна дисциплина представува задолжителен предмет на правниот факултет,
застапено со четири часа предавања и еден час вежби седмично.
Материјата во ракописот “Вовед во правото” е
структуирана во дванаесет тематски подрачја и тоа почнувајќи со поимот на
општествените норми во најопшта смисла на зборот, за нивната незаменлива улога
и значење во настанувањето и развојот на опшествената заедница на луѓето во
целина.
Втотото тематско подрачје е посветено на
елаборирање на категоријата “право” детерминантите кои го определуваат правото
како истриско, објективна и општествената категорија, со посебен акцент на
неговата улога во остварувањето на општите опшествени интереси.
Третото тематско подрачје “видови на системи на
правото” се обработени главните белези и карактеристики на Европскиот
континентален систем, Англо-санксонскиот систем и системот на исламското право.
Четвртото тематско подрачје ги обработува сите
сегменти на поимот на правни акти, содржината и елементите на правните акти,
видовите на правните акти и нивната поделба на општи и поединечни.
Петтото тематско подрачје ги опфаќа прашањата
поврзани со изворите на правото и нивното појмовно и содржинско диференцирае на
материјални и формални извори на правото како и останатите видови на извори кои
имаат соодветно значење во примената на правото.
Шестото тематско подрачје е псветено на
категоријата правни односи и нивната специфичност во однос на останатите
опшествени односи, елементите на правните односи како и нивната содржина.
Седмото тематско подрачје “правна ситуација” со
пооделни обработки на правни факти, нивното значење при примената на правото.
Осмото тематско подрачје “застареност и
одржувачка” главно се обработуваат прашањата од гледна точка на нивното општо
значење што тие го имаат во доменот и примената на правото.
Деветото тематско подрачје “примена на правото”
обработува прашања од аспект какво значење има нивната примена во практиката,
посебно позитивното право односно правото кое се применува по време и простор.
Десетото тематско подрачје означено како
“законитост” обработува прашања поврзани со правната сила на правните акти,
правните средства, санкции поради незаконитост на актите, правосилност и
извршност на правните акти.
Еднинаесетото тематско подрачје “толкување на
правото” содржи елаборирани прашања од аспект на неговото значење, видови и
органи кои го вршат тоа толкување.
Дванаесетото тематско подрачје обработува
прашања од аспект на воспоставените односи помеѓу државата и правото.
Заедничко обележје на сите наведени подрачја,
според мислењето на авторот е тоа што истите заокружуваат една материја од
организационо-нормативната свера на оваа гранка на правото. Се разбира можни се
и одредени недоречености, пропусти па и слабости.
...
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!